Тајван ги осуди новите кинески воени вежби во близина на островот

ФОТО: Тајванска морнарица | EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Тајван во понеделникот ја осуди Кина за одржување на втори воени вежби околу островот за помалку од еден месец, а Министерството за одбрана соопшти дека забележало 57 кинески воени авиони. Кина го смета Тајван, со кој се управува демократски, за своја територија и го зголемува воениот, политичкиот и економскиот притисок врз островот.

Кинеската војска соопшти дека во неделата спровела офанзивни борбени вежби во близина на Тајван, втора ваква вежба за помалку од еден месец, за да ги тестира заедничките борбени способности и „одлучно да се спротивстави на провокативните дејства на странските сили и сепаратистичките сили за независност на Тајван“.

„Обвинувањата на Кина се неосновани“, објави во понеделникот претседателската палата на Тајван, остро осудувајќи ги воените вежби на Кина.

Мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот се заедничка одговорност на Тајван и Кина, тврди тајванското претседателство. Тајван никогаш нема да ескалира конфликт или да поттикнува спорови, но цврсто го брани својот суверенитет и безбедност, додадоа тие.

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека забележало 57 кинески авиони и четири бродови кои оперираат околу островот во изминатите 24 часа, од кои 28 воени авиони влегле во зоната на противвоздушна одбрана на Тајван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот