EPA-EFE/DUSTIN SAFRANEK

Тајсон со загрижувачко признание: Не се сеќава на ноемврискиот меч со Џејк Пол

Легенданиот боксер има празнина во меморијата и не се сеќава на ништо што се случувало по првата од осумте рунда

Мајк Тајсон не закрепнал целосно од неговиот меч со Џејк Пол, призна боксерската легенда во интервју за „Њујорк пост“.

Пол (28) го победи Тајсон (58) со едногласна одлука во ноември минатата година на стадионот АТ&Т, а судиите го оценија мечот со 80-72, 79-73, 79-73 за помладиот противник.

– Не се сеќавам на мечот многу, имам празнина во меморијата. Се сеќавам дека по првата рунда Џејк се поклонува… Не знам што правеше и тоа е последното нешто што го паметам – вели Тајсон. Мечот траеше осум рунди.

Сепак, два месеци подоцна, Тајсон изјави за „Њујорк пост“ дека со нетрпение очекува повторно да тренира. Веројатно ќе започне следниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот