Мртов маж најден на Железничката станица во Косово Поле

Безживотното тело на А.Т. (28) е пронајдено на паркингот на железничката станица во Косово Поле. Портпаролката на косовската полиција Флора Ахмети вели дека полицијата внимателно го истражува случајот, иако има елементи што укажуваат на самоубиство. Телото на жртвата е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина.