• заразени

Во Бразил речиси 42 илјади новозаразени и 1.300 починати од Ковид-19

Во Бразил, во последните 24 часа, се регистрирани 41.857 нови случаи на коронавирус, а починаа уште 1.300 луѓе, соопшти Министерството за здравство. Досега во земјата се заразени 1,92 милиони луѓе, вклучувајќи го и претседателот Жаир Болсонаро. Од последиците од вирусот досега починаа 74.133 лица.