Сосед обљубил скопјанка во нејзиниот дом во Гази Баба

Во петокот во 14 часот во Полициската станица Гази Баба, 77- годишна скопјанка пријавила дека на 4 октомври околу 19.00 часот во нејзиниот дом на подрачје на Гази Баба врз неа била извршена обљуба од страна на нејзиниот сосед В.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.