Улицата ја раскопаа и ја заборавија

Револтирани сме. Се чувствуваме како да сме заборавени од надлежните. Ни ја раскопаа улицата уште одамна. Веќе не се сеќаваме од кога. И така ја оставија. Неколкупати реагиравме ама од општината се глуви за нашите барања, се жалат жителите од улицата „Нaгоричанска“ во населбата Драчево.