Охрид ја доби првата (полу)подморница (ФОТО)

Охрид ја збогатува туристичката понуда. Од денеска во Охридското Езеро има и (полу)подморница. Станува збор за интересно пловило, кое најчесто сме го гледале на морските туристички дестинации. (Полу) подморница е пловило кое има стаклен дел на дното за туристите да можат да уживаат во водниот свет во езерото, но и подводните локалитети во Охридското Езеро.