Повреден работник во Кочани

Во полициската станица Кочани вчера е пријавено дека околу 8.50 часот во фирма во Кочани се повредил Т.Ј. (62) од Кочани. Тој бил пренесен во болницата во Кочани, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица Кочани.