• повредено

Несреќа на автопатот крај Сараево

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 6.40 часот во правец кон Илиџа. Во несреќата учествувале две возила.  Едно лице се здоби со полесни повреди, извести сараевската полиција. По судаирот едно возило излетало од патот. За време на истрагата, што ја спроведе полицијата во Сараево, сообраќајот се одвивал по една лента.