ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Три лица се итно хоспитализирани, се одрони рид во Црна Гора

Најмалку едно лице е повредено кога дел од ридот се срушил на патот во улцињската населба Пињеш, јавуваат црногорските медиуми.

Според РТЦГ, во таа прилика биле оштетени две возила, а несреќата се случила околу 11 часот.

Локалните медиуми пренесоа дека се повредени три лица, кои биле во два автомобила на патот во моментот кога се срушил дел од ридот.

Сите три лица се наоѓаат во Ургентниот центар на здравствениот дом во Улцињ. Како што додаваат, одронот се случил на патот што води низ населбата, при што двете ленти биле затрупани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот