Кривична пријава за пироманка од прилепско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против О.Т.(32) од село Мало Коњари, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Таа, на eдинаесети септември со запаллива течност предизвикала опожарување на влезната врата и делови од покуќнината, сопственост на А.Ф. во Кичево, информираат од СВР-Охрид.