• невработеност

Ковачевски: Постигнавме историски најниска стапка на невработеност од 15,2 отсто

И во услови на двегодишна економска криза, невработеноста постојано паѓа, а последните податоци покажуваат дека таа е на историски најниски 15,2 отсто, објави денеска на својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски. – Ова е резултат на добрите економски политики на Владата, продолжуваме понатаму со посветена работа и фокус на економијата, додава премиерот во објавата.