• крешник бектеши

Бектеши ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со Стопанската комора на Северна Македонија, на кој ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Министерството за економија најави изјави за медиумите по состанокот што ќе се одржи во Стопанската комора.