• итна евакуација

Итна евакуација во трговски центар во Санкт Петербург, маж пријавил дека подметнал експлозив

Во Санкт Петербург се евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар „Лондон мол“. Како што пренесува Б92, маж повикал полиција и рекол дека наводно подметнал експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ на улицата Колонтај. Тој е приведен, но не сакал да каже каде го поставил експлозивот. Зградата во моментов ја прегледуваат експерти за експлозиви.