Извршена итна евакуација на концертот на Јелена Карлеуша: Лажна тревога за бомба
Српската пејачка Јелена Карлеуша одржа концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на настапот, кој ниту дождот не можеше да го спречи, пристигна анонимна дојава за бомба.
View this post on Instagram
Пријавата дошла десет минути пред полноќ, јавуваат босанските медиуми, а потоа бил извршен увид и било констатирано дека нема опасност, пишува Курир.
„Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа влезе полиција и ги евакуираше сите“, изјавил за „Независен“ еден посетител на концертот на Карлеуша.
View this post on Instagram
Полицијата, пак, соопшти дека работи на расветлување на лажната пријава и откривање кое е лицето што ја поднело.
„Синоќа околу 23 часот и 50 минути телефонски е контактирано со непознато лице во Полициската управа Бања Лука и било пријавено дека во тоалет на угостителски објект во населбата Ада била поставена експлозивна направа. По извршените проверки и вештачењето на ПДЗ , утврдено е дека се работи за лажна пријава“, соопштија оттаму.
View this post on Instagram