• горива

Поевтинува мазутот, цените на бензините и дизлот остануваат непроменети

Mалопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се намалува за 1,060 ден/кг и ќе изнесува 41,202 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.