Од полноќ поскапуваат горивата

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/CONSTANTIN ZINN

Цената на горивата на полноќ се зголемува за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,355 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,814 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 7,084 отсто, кај дизелот за 4,546, кај екстра лесното масло за 4,351 и кај мазутот за 5,491 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,777 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот