Експлозија во фабрика за вода во Зрењанин, повеќе работници со изгореници

Повеќе луѓе се повредени во силна експлозија во фабрика за вода во Зрењанин, јавија српските медиуми. Експлозијата се случила утрово околу пет часот. Како причина се наведува истекување на хлор врз уред за дозирање што е веднаш запрено. На местото на инцидентот се тимови на Итната медицинска помош и на полицијата.