Запленета риба и рибарски мрежи

Уловена риба „пастрмка“ и рибарски мрежи се пронајдени во водите на Охридско Езеро. Од полицијата велат дека рибата и мрежите се пронајдени при патрола на езерската полиција во водите на езерото, на околу 4.000 метри од брегот. Од полицијата велат дека започната е потрага по рибокрадците.