Во битолско пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Вчера попладне во СВР Битола, било пријавено дека во с.Крклино, битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 105мм. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, а увид извршила екипа од СВР Битола.