• бесплатен

За „Бела ноќ“ јавниот превоз ќе биде бесплатен

За манифестацијата „Бела Ноќ“ во Скопје, на сите граѓани ќе им биде бесплатен градскиот јавен превоз, јавуваат од ЈСП. Бесплатниот превоз, како што појснуваат оттаму, ќе важи од 18 часот во сабота на 5 октомври до 4 часот во недела на 6 октомври.