Бесплатен влез во музеите ширум Македонија

Влезот денеска во сите музеи во Македонија е бесплатен, а причина за тоа е Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите.

Во Археолошкиот музеј во тек е ексклузивната изложба „100 години Требениште“ , со над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, заедно со прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија. Музејот ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

Во Музејот на Македонија во 19:30 часот ќе се отвори изложбата на цртежи и копии-фрески на Владимир Деловски-Џиџи, насловена „Тивкиот Маестро“. Музејот ќе биде отворен од 9 до 23 часот.

Во објектите на Националната галерија во тек се три изложби: Младинскиот пролетен салон е во Мала станица, во Чифте амам на Африм Спахиу, а во Даут пашин амам на Костадин Танчев-Динка.

Во Музејот на Град Скопје е поставена јубилејната изложба: „Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј “ по повод 1150 години од упокојувањето на Св.Кирил. Музејот на Град Скопје ќе биде отворен од 9 до 23 часот за посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот