Скопската зоолошка му посака добредојде на белиот лав Чака

Скопската зоолошка градина на Фејсбук му посака добредојде на белиот лав Чака. Како што информираат, Чака ќе ѝ се придружи на лавицата Бела која пристигна пред неколку денови. Белите лавови се едни од најретките видови на светот и за жал се пред истребување во природата.