• мексико

Земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди во саботата попладне мексиканскиот туристички град Акапулко на брегот на Тихиот Океан, соопшти националната сеизмолошка служба на земјата. Во главниот град Мексико Сити, алармот за земјотрес предизвика жителите да се евакуираат, но не беа пријавени штети, изјави градоначалникот Марти Батрес на социјалните мрежи Икс.