Тачи со порака до Лајчак: Самп меѓусебно признавање на Србија и на Косово ќе донесе траен мир во регионот

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Хашим Тачи во денешниот разговор со Мирослав Лајчак, претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Приштина и Белград, истакнал дека взаемно признавање на двете земји е единствен начин за траен мир во регионот.

Тачи на Твитер порача дека Косово е посветено на взаемно признавање со Србија, како единствен начин за обезбедување на траен мир во регионот.

– Добра дискусија со Мирослав Лајчак за дијалогот меѓу Косово и Србија и за косовскиот пат кон Европската Унија. ПОвторив дека Косово е посветено на дијалогот за взаемно признавање, како единствен начин да се обезбеди траен мир во регионот и да се забрза процес на интеграција во Европската Унија, напиша Тачи на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот