СЗО: На Африка и фалат 500 милиони вакцини

Вакцинирањето во Африка/ Фото EPA-EFE/NIC BOTHMA

Механизмот Ковакс ги намали предвидувањата за тоа колку вакцини против ковид-19 ќе бидат испратени во сиромашните земји, така што на Африка ќе и недостигаат околу 500 милиони дози во споредба со глобалната цел од 40 проценти вакцинирани до крајот на годината, соопштија денес од СЗО, пренесува АП. 

Со оглед на тој дефицит, 470 милиони дози вакцини што се очекуваат на континентот ќе овозможат само 17 проценти од населението да се вакцинира, процени регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка на неделната прес-конференција.  

Ќе бидат потребни двојно повеќе вакцини за да се вакцинираат 40 проценти од населението. Недостатокот на вакцини се случува во време кога Африка ја надмина границата од 8 милиони заразени оваа недела, посочува СЗО. 

„Африка успеа да вакцинира само 50 милиони луѓе или 3,6 проценти од нејзиното население. Големите нееднаквости во пристапот до вакцините нема брзо да се ублажат“, рече Матшидисо Моети, директор за Африка на СЗО. 

Во текот на месецов, Африка требаше да прими околу 95 милиони дози преку Ковакс, но и покрај продолжувањето на испораките, Африка успеа да вакцинира само 50 милиони луѓе или 3,6 проценти од нејзиното население соопшти СЗО.  

Механизмот за меѓународно финансирање треба да им овозможи на 92 држави и територии бесплатно да примаат вакцини финансирани од богатите земји.  

Минатата недела, Ковакс мораше да ги намали своите прогнози и објасни дека недостатокот на дози се должи на „забраните за извоз, приоритетите дадени на билатералните договори меѓу производителите и земјите, одложувањата за аплицирање за одобрување“ и слични причини. 

СЗО бара од богатите земји да се воздржат од давање бустер вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот