Свештеник во САД наредил убиство на момчето на неговата ќерка

САД Полиција/ Фото dov makabaw sundry / Alamy / Alamy / Profimedia

Полицијата во САД уапси двајца мажи поради обид за убиство. Еден од нив е свештеникот од Викторвил, Самуел Пасиљас (47), кој наредил убиство на момчето на неговата ќерка. Пасиљас, наводно, им платил на убијците речиси 40.000 долари и им дал информации каде да ја најдат жртвата.

55-годишниот Хуан Мануел Себрерос и уште еден маж го следеле младиот човек со недели пред да го застрелаат повеќе пати додека бил во возило на 21 октомври. Младиот човек, кој не е именуван, успеал да остане свесен откако бил ранет и сам се превезол во болница. Тој го преживеал нападот и сега се опоравува од повредите.

Пасиљас е свештеник на мала црква во која се одржуваат миси на шпански. Тој бил уапсен минатата недела под сомнение за поттикнување убиство, заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Себрерос бил уапсен поради заговор за убиство, обид за убиство и напад со смртоносно оружје. Полицијата се уште не уапсила трето лице поврзано со случајот. Засега не се знае точно колку лица учествувале во планирањето на убиството. Полициската истрага продолжува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот