Сваровски принуден да го намали бројот на вработени

Минатата година, „Сваровски” оствари профит од 2,7 милијарди евра. 

Австриската компанија за луксузен накит „Сваровски” денеска најави големо намалување на бројот на вработени ширум светот.

Во седиштето во австриското место Ватенс, бројот на вработени ќе се намали за 200, а во светот за 600.

Исто така е одлучено да се работи со скратено работно време до крајот на септември, а тоа се однесува на сите вработени.

Како причина за овој чекор, „Сваровски” ја наведува пандемијата на коронавирусот, која тешко го погоди меѓународниот пазар на луксузни производи.

Како што е наведено во соопштението, во првата половина од оваа година има значително намалување на продажбата.

Минатата година, „Сваровски” оствари профит од 2,7 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот