
Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси би можела да се случи на почетокот на 2026. : Извор близок до двојката откри детали
Тејлор Свифт и играчот на НФЛ, Тревис Келси, наводно почнале да ја планираат својата свадба, која би можела да се одржи веќе на почетокот на следната година. Иако подготовките сè уште се во рана фаза, извор близок до двојката тврди дека двајцата се многу возбудени за она што следи, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Според изворот двојката сè уште не избрала точна локација или датум за свадбата, но се споменува дека церемонијата би можела да се одржи во државата Род Ајленд, каде што Свифт поседува луксузен имот.
„Тејлор ужива да истражува локации и да смислува детали. Тоа е вистинско задоволство за неа бидејќи е многу креативна“, рече изворот.
Покрај локацијата, и прашањето за венчаницата привлекува големо внимание. Според извештаите, речиси сите водечки светски дизајнери ѝ понудиле соработка, но Свифт сè уште не донела конечна одлука.
„Таа е трогната од понудите и вниманието што го добива, но сака внимателно да размисли пред да избере“, истакнува истиот извор.
Иако и двајцата се јавни личности, Свифт и Келси наводно сакаат дискретна и интимна свадба. Тие планираат прослава исклучиво во кругот на семејството и блиските пријатели, без голем број познати гости и без прекумерен луксуз.
„Тие не сакаат гламурозна церемонија од 20 милиони долари. Тие повеќе се грижат за значаен и емотивен момент“, рече изворот, додавајќи дека и двајцата се „приземјени и нормални“ и покрај нивната светска слава.
Дали ќе се согласат?
Туристичкиот одбор на Нов Зеланд ги покани Тејлор Свифт и нејзиниот вереник да одржат свадба во оваа земја.
За потсетување, двојката ја објави својата свршувачка преку Инстаграм во август, со духовитата порака:
„Вашиот наставник по англиски јазик и наставникот по физичко образование се венчаваат“.
Романтичната понуда за брак ја организираше Тревис Келси во неговиот двор во Ливуд, Канзас, а Свифт потоа доби импресивен прстен со антички дизајн, кој се проценува дека вреди до милион долари.