Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

„Супер Стеф“: Нова фантастична партија на Циципас во Париз! (ВИДЕО)

Најдобриот грчки тенисер блеска на грен слем турнирот „Ролан Гарос“, денеска во четвртфиналето за скоро два часа игра успеа да го елиминира Андреј Рубљов со резултат 3:0.

Стефанос Циципас го доби првиот сет кој беше најнеизвесен на денешниот меч (7:5), тогаш рускиот натпреварувач добро сервираше, имаше и брејк предност сè до 5:3, но од тој момент загуби четири гема во низа и оттогаш започна и неговиот пад во играта.

Гркот од 5:3 во првиот сет за Рубљов доби 11 од наредните 13 гема, со одличниот ритам продолжи и во третиот сет и лесно дојде до победата.

Петтиот носител на турнирот го обезбеди своето прво полуфинале во Париз, а негов нареден противник ќе биде победникот од мечот Новак Ѓоковиќ-Пабло Карењо Буста.

Веќе е формирана првата полуфинална двојка во машка конкуренција, Диего Шварцман ќе ги одмери силите против Рафаел Надал.

Надал удри во организаторот: Ова е опасно, ние не сме фудбалери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот