Судот го блокираше барањето на Бајден за задолжителна вакцинација на здравствените работници

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Судот одлучи да го блокира барањето на администрацијата на Бајден за задолжителна вакцинација против ковид-19 за неколку милиони здравствени работници во САД, што е клучен дел од државната стратегија за контрола на ширењето на корона вирусот.

Окружниот судија Тери Дауди во Монро, Луизијана, привремено ги блокираше Националните здравствени центри (ЦМС) за извршување на мандатот што им беше доделен, додека судот не ги реши постоечките правни спорови, пренесува Ројтерс.

Одлуката на судијата Дауди важи низ Соединетите Држави, освен во 10 земји каде што ЦМС веќе е спречен да примени задолжителна вакцинација врз основа на претходна одлука на федерален судија во Сент Луис.

Судија од Луизијана утврди дека ЦМС нема овластување да издаде налог за вакцина која ќе бара вакцинација на повеќе од два милиони невакцинирани здравствени работници.

Несомнено е дека задолжителната вакцинација на 10,3 милиони здравствени работници е нешто што треба да биде во надлежност на Конгресот, а не на владината агенција – оцени судијата Даути.

Белата куќа денеска објави дека Министерството за правда „силно ќе го брани“ авторитетот на владата за да ги промовира нејзините барања за вакцинација.

Знаеме дека барањата за вакцинација функционираат. Убедени сме во способноста на владата да ги промовира барањата за вакцинација, а Министерството за правда енергично ќе ја брани на суд, изјави портпаролката на Белата куќа за Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот