Судан прогласи 15 дипломати од Обединетите Арапски Емирати за персона нон грата

Фото: МИА

Судан прогласи 15 дипломати од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за персона нон грата и им нареди да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, објавија суданските медиуми.

Суданското Министерство за надворешни работи го повикало вршителот на должност на Обединетите Арапски Емирати и го информирал за одлуката, пренесе БТА. Не се дадени повеќе детали за случајот.

Во Судан од 15 април има конфликт меѓу армијата и паравоената организација Сили за брза реакција. Во август, Волстрит џурнал објави, цитирајќи официјални претставници на Уганда, дека нашле оружје во товарен авион наместо хуманитарна помош од ОАЕ за суданските бегалци во Чад. ОАЕ тогаш го негираа ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот