
Студија открива, на жените брзо им здосадува сексот со истиот маж: Еве колку време е потребно за тоа
Во студија спроведена од научници од Универзитетот во Саутемптон и Универзитетот во Лондон, откриено е дека на жените им здосадува сексот со истиот маж по една година врска.
Препорачано
Студијата опфатила повеќе од 10.000 испитаници од Велика Британија, кои биле интервјуирани за нивниот сексуален живот и промените во интересот за водење љубов со текот на времето.
Анкетата е спроведена меѓу 4.839 жени и 6.669 мажи на возраст од 16 до 74 години. Резултатите покажаа дека жените го губат интересот за секс многу порано во врската во споредба со мажите. Според студијата, просечната жена го губи интересот за сексуалност по само 12 месеци врска со партнер.
Многу жени признале дека го изгубиле интересот за сексуални односи во текот на првата година по раѓањето на детето, како и поради грижата за мали деца под петгодишна возраст. Недостатокот на емоционална врска со партнерот, лошата комуникација и здравствените проблеми се исто така чести причини за намалување на сексуалната желба.
Меѓу причините за губење на интересот кај жените за сексуални односи се арогантното однесување на нивните партнери, како и новите тетоважи или пирсинг на телото. Исто така, беа споменати лоши искуства од претходни сексуални врски, па дури и насилен секс. Во анкетата, 34 отсто од жените признале дека немаат интерес за секс.
Авторите на студијата сугерираат дека фокусот на жените често се префрла од партнерот и врската кон детето, што може да биде фактор што влијае на намалувањето на интересот за секс. Спротивно на тоа, само 15 отсто од мажите изјавиле дека им е здодевно од сексот, според резултатите од анкетата.