Фото: Пекселс/ canva-studio

Студија открива која генерација лаже најмногу: Милениумците на прво место

Ново истражување покажа дека од сите генерации, родените меѓу 1981 и 1996 година се најголеми виновници за лажењето на работното место и на социјалните мрежи.

Неодамна компанијата PlayStar спроведе студија чија цел беше да открие која генерација најлесно „блефира“ и кажува лаги, односно која генерација им припаѓа на оние кои најмногу лажат во секојдневниот живот, пренесува „Њујорк пост“.

По испитувањето на 1.300 учесници, истражувачите заклучиле дека милениумците, односно луѓето родени помеѓу 1981 и 1996 година, се најподложни на лаги, а најмногу го прават тоа на работното место и очекувано на социјалните мрежи.

Фото: Пекселс/ ron-lach

Дури 13 отсто од милениумците признале дека барем еднаш дневно не се целосно искрени со луѓето околу нив. Од друга страна, генерално, најмалку лаги користи генерацијата на таканаречени „бејби бумери“ (родени помеѓу 1946 и 1964 година) во која само два отсто од анкетираните биле „виновни“ за искривување на фактите на дневна основа.

Фото: Пекселс/ andrea-piacquadio

Покрај горенаведеното, истражувањето исто така покажа дека генерацијата „Зет“ (родена од 1997 до 2021 година) и генерацијата „Икс“ (родена од 1965 до 1980 година) имаат и нешто заедничко, само пет отсто од испитаниците во едната и другата група признале дека секојдневно лажат.

Што точно и кога лажат?

Речиси една третина од анкетираните милениумци признале, на пример, дека лажеле во апликациите за работа оваа година, а некои дури и целосно ја „прилагодиле“ својата биографија.

Покрај апликациите, лажењето е исто така вообичаено на работа, па два од пет отсто од милениумците признаваат дека знаеле да го излажат својот шеф, „за да избегнат срам на работното место“.

Второто најчесто место каде се создаваат лаги, според оваа студија, се социјалните мрежи. Така, речиси четвртина милениумци (23 отсто) и секој петти член на генерацијата „Зет“ (21отсто) признале дека лажеле на социјалните мрежи оваа година, а причината е главно иста, да импресионираат некого.

Фото: Пекселс/ anna-shvets

Спротивно на тоа, 79 отсто од вкупниот број на испитаници во студијата тврделе дека никогаш не напишале лага на Интернет, а искреноста се чини дека е најкарактеристична за генерацијата „Икс“ и „бумерите“, каде што 89 и 86 отсто од испитаниците тврделе дека оваа година биле целосно искрени на социјалните мрежи.

Истражувањето покажало и дека треба да бидете повнимателни со мажите, бидејќи тие имаат десет отсто поголема веројатност да лажат на социјалните платформи отколку жените, а истото важи и за лагите воопшто. Повеќе мажи (26 отсто) признале дека нешто излажале оваа година, во споредба со жените (23 отсто).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот