
Студија откри која возрасна група е најнесреќна: Резултатите се изненадувачки и поразувачки
Глобално, менталното здравје на младите се влошува со алармантна брзина, што е многу загрижувачко.
Препорачано
Научниците открија дека младите луѓе се најнесреќните луѓе во светот денес, целосно побивајќи ја идејата за „криза на средни години“.
Нова студија, која беше неодамна објавена, откри дека луѓето на возраст од 18 до 24 години се најнесреќната група во САД, Велика Британија и 44 други земји низ целиот свет, пишува „Дејли мејл“.
Историски гледано, истражувањата покажале дека среќата опаѓа во средната возраст, обично околу четириесеттите години, а потоа повторно се зголемува во постарите години.
Меѓутоа, научниците од САД и Велика Британија открија дека менталното здравје на припадниците на генерацијата Зет се влошува од околу 2014 година, а овој тренд се влошил уште повеќе во текот и по пандемијата ковид-19.
Жените се во полоша состојба од мажите
Иако истражувачите не ја прецизирале точната причина за падот на среќата меѓу младите луѓе, тие укажале на пошироки проблеми како што се почесто отсуство од училиште, тешкотии во учењето и сè поголем број млади луѓе кои го напуштаат пазарот на трудот поради проблеми со менталното здравје.
Тие, исто така, откриле дека младите жени имаат полошо ментално здравје од младите мажи, што може да се поврзе со повисоки стапки на анксиозност и депресија кај жените.
Во САД, младите жени забележале најголемо зголемување на несреќата – нивното ниво на очај пораснал од 5,6 отсто во 2009 година на 9,3 отсто во 2024 година.
Тимот го дефинирал очајот како сериозна состојба на нарушеното ментално здравје, во која личноста се чувствува екстремно стресно, депресивно или емоционално преоптоварено во текот на подолг временски период.
Од 1993 до 2014 година, само 3,7 отсто од Американците пријавиле чувство на очај и безнадежност, но до 2024 година, тој број се зголемил на 6,7 отсто. Меѓу младите помлади од 25 години, тој број речиси се зголемил тројно – од 2,9 отстро на осум отсто.
Екраните и финансиската состојба се главните виновници
На глобално ниво, менталното здравје на младите возрасни се влошува со алармантна брзина. Во 44 земји, истражувачите откриле дека 48 отсто од генерацијата Зет биле изложени на ризик од проблеми со менталното здравје, а повеќе од 13 отсто од оние помлади од 25 години се опишуваат себеси како „вознемирени“, во споредба со 5,6 отсто од другите учесници.
Истражувачот Мартин Хендрикс истакнува дека прекумерното време поминато пред екранот и финансиските тешкотии на младите се делумно виновни.
„Денешните млади возрасни поминуваат значително повеќе време пред екранот од детството во споредба со претходните генерации“, рекол тој.
Според пишувањето на „НЛ тајмс“, Хендрикс се сомнева дека оваа разлика ги навела младите луѓе премногу да се споредуваат со другите на социјалните мрежи, што честопати резултира со негативни погледи на сопствениот живот.
Хендрикс, кој не бил вклучен во студијата, истакнал дека младите возрасни немаат заштеда која што ја имаат постарите Американци.
Ова значи дека тие честопати се борат да си дозволат основни работи како храна и дом за живеење.
„Цените на недвижностите вртоглаво скокнаа, а постарите генерации се особено имаа корист. Тие имаат значително поголемо богатство, додека младите луѓе се борат да го купат својот прв дом“, објаснил Хендрикс.
Депресија, адолесценција
За американската студија, објавена во списанието „ПЛОС уан“, тимот анализирал податоци од Системот за надзор на факторите на ризик во однесувањето (БРФСС), големо телефонско истражување спроведена од ЦДЦ од 1993 до 2024 година.
Повеќе од 400.000 луѓе учествувале секоја година. Истражувачите ги прашале колку дена во изминатиот месец имале „лошо ментално здравје“. Оние кои рекле дека сите денови биле лоши биле класифицирани како депресивни.
Иако резултатите се базираат на илјадници интервјуа во текот на 30 години, тимот предупреди дека студијата се потпира на самопроценето ментално здравје, кое може да биде субјективно и да зависи од расположението, меморијата или културните разлики во начинот на кој луѓето ги изразуваат своите чувства.