Студија: Онлајн учењето е ефикасно исто колку и летниот распуст

Онлајн настава. / Фото: МИА

Студија на Универзитетот Гете во Франкфурт заклучи дека учењето од далечина, воведено како резултат на епидемиолошките мерки, не ги донесе посакуваните ефекти, туку довело до уназадување на учениците.

Преку анализата, научниците дошле до заклучок дека „учењето од далечина било исто толку ефикасно како и летен распуст”.

– Просечниот развој на учениците за време на учењето од далечина во пролетта 2020 година беше обележан со стагнација, па дури и заостанување, и со тоа ги има истите ефекти како за време на летните одмори, објасни професорот по педагошка психологија Андреас Фреј.

Според него, се зголемил и раздорот во знаењето меѓу сиромашните и богатите, истакнувајќи дека ситуацијата е малку подобра во текот на зимата, бидејќи луѓето се навикнуваа на онлајн наставата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот