
Студен туш за нашинците во Германија – укината е програмата за стекнување право на државјанство по брза постапка
Министерот за внатрешни работи Александар Добринт изјави дека германскиот пасош треба да претставува награда за вистинска интеграција во германското општество, а не мотивација некој да ја напушти својата земја со цел полесно да дојде до германско државјанство.
Германскиот парламент ја укина забрзаната програма за државјанство што досега им овозможуваше на „добро интегрираните лица“ да добијат германски пасош за само три години престој во земјата, наместо за пет, како што беше претходно. Одлуката ја пренесуваат германските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Министерот за внатрешни работи Александар Добринт изјави дека германскиот пасош треба да претставува награда за вистинска интеграција во германското општество, а не мотивација некој да ја напушти својата земја со цел полесно да дојде до германско државјанство.
Овој потег беше најавен уште за време на изборната кампања на владата предводена од канцеларот Фридрих Мерц. Конзервативците тогаш зборуваа и за можноста да се укине двојното државјанство и да се скрати општиот период на чекање од осум на пет години, но овие промени засега не се спроведени.
Минатата година, 300.000 луѓе биле натурализирани во Германија. За да се стекне со германски пасош, кандидатот мора да го владее јазикот, да биде професионално или волонтерски активен, или да има постигнат академски успех.