Страшен план на неонацистите: Сакале коронавирусот да го употребат како биолошко оружје

Федерални истражители ги следеле комуникациите на неонацистите на Телеграм, шифрирана апликација за размена на пораки, која постанала популарна меѓу нив.

Белите супрематисти разговараат за планови според кој коронавирусот сакаат да го претворат во оружје преку плунка, боци за распрскување или контаминирани супстанци, се вели во неделниот извештај кој на 17 февруари го објави Сојузното одделение за спроведување на законот на САД, објави Телеграф.

Федерални истражители ги следеле комуникациите на неонацистите на Телеграм, шифрирана апликација за размена на пораки, која постанала популарна меѓу нив. Во разговорите, белите супрематисти сугерирале да се нападнат агенти кои го спроведуваат законот и луѓето кои не се бели.

– Насилните екстремисти и понатаму го прават биотероризмот да е популарна тема меѓу себе – се вели во извештајот кој го напиша Федералната служба за заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот