Стотици мртви делфини се појавија на плажа во Бразил, сушата можна причина за смртта

Мртов делфин на плажа / Илустрација / Фото: Philippe LOPEZ / AFP / Profimedia

Повеќе од сто делфини се пронајдени мртви во Бразил, а можна причина за тоа е историската суша што ја погоди земјата и рекордно високите температури на водата, кои надминаа 38 степени.

Мртвите речни делфини се пронајдени во езерото Тефе во последните седум дена, соопшти Институтот Мамирауа, истражувачки објект под покровителство на Министерството за наука.

Од Институтот наведоа дека толку голем број на загинати единки е невообичаен и дека причина може да бидат рекордните температури на водата, но и сушата.

-Сè уште е рано да се утврди причината за ваквата екстремна појава, но според нашите експерти, тоа секако е поврзано со сушниот период и високите температури во езерото Тефе, кои на некои места надминаа и 39 степени Целзиусови, соопштија од Институтот.

Активистите и истражувачите се обидуваат да ги спасат преживеаните делфини, преместувајќи ги од лагуните и езерата до главниот поток каде водата е поладна, објави Си-Ен-Ен.

-Префрлањето на речните делфини во други реки не е безбедно, бидејќи е неопходно да се проверат токсините и вирусите кои се присутни пред да се ослободат животните, изјави Андре Коелјо, истражувач од Институтот Мамирауa.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот