Стотици луѓе се разболеле поради горештините на Светскиот извиднички настан во Јужна Кореја

Стотици луѓе се разболеле поради горештините на Светскиот извиднички настан во Јужна Кореја / Фото EPA-EFE/YONHAP

Стотици присутни на Светскиот извиднички настан Џамбори во Јужна Кореја се разболеле додека земјата се бори со продолжениот топлотен бран што зафати големи делови од земјата.

Настанот, кој започнал претходно оваа недела, привлече 43.000 млади извидници од 158 земји оваа година. До крајот на првиот ден, официјалните лица изброиле најмалку 400 пациенти на кои им е потребен третман за симптоми поврзани со топлина, како што се главоболки, вртоглавица и исцрпеност. Во средата, се појавиле уште 207 случаи поврзани со ваква болест.

Настанот на отворено се одржува на 8,8 квадратни километри обновени плими во јужниот округ Буан, околу 180 километри југозападно од Сеул, пишува „Гардијан“. Тенди и шатори се поставени на локацијата, која има мала природна сенка. Се очекува времето да се движи околу 35 Целзиусови степени до викендот, со кратки врнежи.

Еден волонтер кој зборувал под услов да остане анонимен, рекол: „Изнемоштен сум. Сенка е тешко да се најде, а кога сте под сенка, сè уште е супер жешко; овде едвај дува ветер“.

За време на церемонијата на отворањето на Џамбори во средата вечерта, 108 луѓе страдаче од болести поврзани со топлина и исцрпеност и биле пренесени во болница. На настанот присуствувал и претседателот на Кореја, Јун Сук Јеол, како и еден од најпознатите извидници Беар Грилс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот