Столтенберг: Војната во Украина може да трае со години

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

 Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина може да продолжи со години и дека украинските сили се соочуваат со поинтензивни руски напади откако Европската комисија препорача Киев да добие кандидатски статус за ЕУ.

Столтенберг во интервју за германскиот „Билд ам Зонтаг” рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола.

„Треба да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да ја ослабеме поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната”, рече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој го посети Киев во петокот, даде слични коментари за Сандеј Тајмс за неопходноста за подготовка за долга војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот