Столтенберг: Воената вежба на НАТО „Defender Europe 2020″ не е насочена кон Русија

Вежбата ја „покажува силната ангажираност на САД кон НАТО и кон слободата и безбедноста на Европа”, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека големиот трансфер на американски и сојузнички војници во Источна Европа, како дел од воена вежба, не е насочен кон Русија, јавија француските медиуми.

Околу 37.000 војници од 18 држави треба да учествуваат во вежбата организирана од САД, наречена „Defender Europe 2020″.

-Тоа ќе биде „најголемото разместување американски војници во Европа во последните 25 години, изјави Столтенберг.

„Вежбата ја „покажува силната ангажираност на САД кон НАТО и кон слободата и безбедноста на Европа”, додаде тој.

Вежбата ќе се одржи во мај и јуни, главно во Германија, Полска и Балтичките држави. САД во следните неколку месеци во Европа ќе разместат 20.000 војници.

-“Defender Europe 2020 ” не е насочен против која и да е конкретна држава”, рече Столтенберг. „Оваа одбранбена вежба ќе ја демонстрира способноста за брзо придвижување на голема сила од САД кон Европа за да помогне во одбраната на другите сојузници од НАТО, доколку тоа се покаже за неопходно”, додаде уште генералниот секретар на Алијансата.

Вежбата доаѓа по сомневањата дали САД се уште се подготвени да ја бранат  Европа. По стапувањето на должноста американскиот претседател Доналд Трамп првично НАТО го стави на  „отстарел”. Но, откако Германија и другите европски членки ветија дека ќе одвојуваат поголеми расходи за одбраната Трамп повторно го потврди својот ангажман кон воениот блок.

НАТО се засили по анексијата на Крим во 2014 година, што како потег ги зголеми стравовите меѓу источните членки на НАТО. Оттогаш Алијансата значително го засили своето присуство во Источна Европа и ја изгради способноста за брзо разместување војници во случај на конфликт.

Претставник на НАТО изјави дека нема потреба да се „бараат задни намери” во фактот дека вежбата се оддржува за време на чествувањата на 75-годишнината од победата на Русија над нацистичка Германија, на 9 мај во Москва.

-Вежбата ќе се спроведе од февруари до јуни, изјави претставникот на организацијата. „Тоа е времето кога секоја година се одржуваат многу воени вежби”.

Столтенберг посочи дека САД ги информирале Русија и другите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за вежбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот