Столтенберг: Русија е директна закана за безбедноста на членките на НАТО

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. / Фото: МИА

Русија претставува „директна закана” за безбедноста на земјите на НАТО кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

-На самитот, на кој за првпат од 2010 година треба да се ревидираат насоките на НАТО, ќе ставиме до знаење дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, нагласи Столтенберг.

Лидерите на НАТО на самитот во Мадрид треба да го усвојат новиот Стратешки концепт за следните 10 години, што ќе ги дефинира безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата и ќе ги наведе политичките и воените задачи што НАТО треба да ги изврши за да ги реши.

Во последниот Стратешки концепт усвоен во 2010 година, Русија беше дефинирана како стратешки партнер на НАТО.

-Тоа нема да биде случај во стратешкиот концепт за кој ќе се договориме во Мадрид. Очекувам сојузниците јасно да кажат дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, нашите вредности, меѓународниот поредок заснован на правила, изјави претходно Столтенберг.

За него самитот во Мадрид е историски, бидејќи НАТО минува низ „најсериозната безбедносна криза од Втората светска војна”.

Столтенберг нагласи дека очекува наскоро ратификација на шведското и финското членство во воената алијанса.

-Ќе донесеме одлука на самитот да ги поканиме Шведска и Финска да станат членки, со брзина невидена досега, изјави тој за новинарите на почетокот на вториот ден од самитот во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот