Столтенберг: Неопходно е во целост да соработуваме со Иран за паднатиот украински авион

Немаме причина да не веруваме во извештаите на другите членки на НАТО што ги видовме и во кои се наведува дека авионот можел да го собори иранскиот систем за противвоздушна одбрана, рече Столтенберг.

Иранските воздушни одбранбени сили можеле да го соборат украинскиот патнички авион кој во средата се урна во близина на Техеран, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Важно е да ги утврдиме сите факти. Го повикав Иран целосно да учествува и да придонесе за транспарентна и темелна истрага. Немаме причина да не веруваме во извештаите на другите членки на НАТО што ги видовме и во кои се наведува дека авионот можел да го собори иранскиот систем за противвоздушна одбрана, рече Столтенберг.

Тој додаде дека поради тоа е потребна темелна истрага, за да се утврдат фактите.

– Поради тоа е неопходно во целост да соработуваме со иранската страна, истакна тој.

Украински патнички авион со 176 патници во средата се урна кусо време по полетувањето од аеродромот во Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот