Стојкоски размислува да ги објави имињата на сите што фрлаат ѓубре на недозволено место во Ѓорче Петров

Екипи на Општина Ѓорче Петров повторно ја исчистија дивата депонија создадена кај последната станица на автобусот на линија 4, откако граѓаните реагираа на расфрланото ѓубре, смрдеата и опасноста од зарази.

 Реакциите за расфрланиот отпад се оправдани. Но не и неодговорноста на поединци. Ова е локација која е десетици пати чистена. Но, по десетина дена, тука повторно е полно со отпад, најразновиден, или просто кажано: секој фрлил сѐ што немало кај да го депонира. Со ова, не само што се оптоварува општината и комуналната служба, туку се гази по жителите. Тие секојдневно живеат во смрдеа и отпад. Катастрофа! – реагира градоначалникот Александар Стојкоски.

Поради тоа, како што вели Стојкоски, сѐ повеќе се размислува за можноста на социјалните мрежи да се формираат страници, каде секое лице кое ќе биде фатено и снимено како нелегално депонира отпад и ја загадува околината, а со тоа, го загрозува здравјето, јавно да биде објавено.

 Се прават консултации како тоа би се регулирало од правен аспект. До тогаш, би било добро секој од нас, секогаш кога ќе затече лице кое нелегално депонира отпад, да го сними, фотографира, да испрати податоци и да алармира! – вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот