Стефоска: Несфатливо е како можела Комисијата за денационализација да реши да се отуѓи Албанскиот театар за деца, иако е дел од споменична целина

Фото: Албански театар за деца и младинци/Фејсбук

По веста дека Исламската верска заедница ја презела сопственоста врз објектот на Албанскиот театар за деца и млади во Старата скопска чаршија, иако во 2020 година театар бил прогласен за национална установа, министерката за култура, Ирена Стефоска вели дека е несфатливо како Комисијата за децаниолизација на можела да донесе такво речение.

„Објектот на Албанскиот театар за деца и млади е дел од споменичната целина Стара чаршијата, културно наследство од големо значење и по тој основ не може да се отуѓува, убаво си стои во Законот за денационализација и второ, тоа е објект од јавен интерес. Она што исто така ми е несфатливо е како можел државниот правобранител, кој што е адвокат на државата и го штити државниот имот, да не го обжали решението на Комисијата. Тој по службена должност е должен да го обжали тоа решение, независно какво е тоа. Ведаш штом разбравме за ова, како Минитерство побаравме и упативме дописи до правобранителот веднаш да постапи, но и после неколку барања – тој не постапува. Исто, несфатливо ми е како можела Комисијата за денационализација да не побара консултации со Министерството, со Градскиот конзерваторски центар, кој што е одговорен за чаршијата, со Управата за заштита на културното наследство. Културното наследство е темелна вредност запишана во Уставот, никој не ја оспорува и приватна сопственост, но овде има голема разлика, бидејќи Театарот е од јавен интерес и дека дел од Чаршијата, културно наследство од големо значење. Пост фестум ние веднаш реагиравме како Министерство за култура, информирана е и владата, се преземаат сите чекори и јавноста ќе биде информирана. Министерството вложуваше напори тој Театар и кадровски и инфраструктурно да се екипира, државата вложувала во него, но сега сето тоа е сопрено“, рече министерската Стефоска во денешното гостување во Утрински брифинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот