Познати номинациите за најдобрите македонски кошаркари во 2022/фото: kfsm.mk

Стартува новата кошаркарска сезона, ТФТ го предизвикува шампионот МЗТ

По Суперкупот на ред е првиот првенствен двобој помеѓу двете најдобри екипи во минатиот шампионат, ТФТ во салата на СРЦ „Кале“ – Скопје денеска од 19.00 часот го пречекува МЗТ Скопје Аеродром на отворањето на новата сезона во македонскиот национален шампионат, вкупно 31. во историјата.

Двете екипи ги бранат пехарите освоени во претходната сезона, екипата од Аеродром, оној шампионскиот, а онаа од Тафталиџе, од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“.

– Реков и пред некое време, ние сме МЗТ, влегуваме како шампиони и фаворити. ТФТ сигурно е екипа за респект, пред се има добар ростер на домашни играчи и нови странци. Очекувам генерално една добра сезона. Екипите полека се консолидираа, Пелистер и ТФТ се добри, Еуро Никел е стандарден, Гостивар има амбициозен ростер со нов тренер. Ќе биде интересно во лигата. Секако дека МЗТ е прв фаворит, тука е и Работнички кој полека се консолидира, тоа е добро за мак-баскетот, затоа што овој клуб мора да се врати на старите патеки за подобра домашна сцена – вели тренерот на МЗТ, Алексанар Петровиќ.

Работнички има најмногу трофеи во шампионатот, вкупно 15, девет има МЗТ, три Фени Индустри, а по една Струмица 2005 и Никол Ферт Гостивар.

Прва лига – мажи

Двојки, прво коло

6 октомври (четврток)

19.00 часот ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

8 октомври (сабота)

18.00 часот Навико Академија ФМП – Кожув
18.00 часот Гостивар – Пелистер
18.00 часот Струмица – Еуро Никел 2005

9 октомври (недела)

14.00 часот Куманово 2009 – Чаир 2030
18.00 часот Работнички – Феникс 2010

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!