„Стар, ама на англиски“ – концерт во чест на професорот Пеце Митревски

Фото: Васка М.Младеновска

Во Офицерскиот дом во Битола, во организација на Државното музичко училиште вчеравечер се одржа концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како „Стар, ама на англиски“.

На концертот присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, Епископот Партениј, семејството на професорот Митревски, сестринството од женскиот манастир “Св. Ѓорѓи Понедоносец”, и голем број професори, колеги, ученици и почитувачи на делото на Митревски.

Настапија Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола, како и ученици од насоката соло пеење во Музичкото училиште во Битола.

-Оваа година Музичкото училиште одбележува 76 години од своето постоење со што неколку децении е расадник на врвни музичари. Тоа е повод да се присетиме на сите оние кои ставиле печат врз формирањето на нашето училиште. Да се присетиме на луѓето кои многу години од животот посветиле токму на оваа реномирана образовна институција. Оваа година нашето училиште оддаде почит на повеќе доајени во македонската музичка педагогија со циклус концерти. Вечерва му оддаваме почит на маркантен професор во нашето училиште Пеце Митревски- беше речено на концертот што синоќа се одржа во Офицерскиот дом во Битола.

Пеце Митревски почина во 2008 година. Средно музичко училиште заврши во родниот град, а понатамошното школување го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работеше во Македонската опера се до 1987 година. После тоа започна неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за првпат е отворен отсек – соло пеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот