Стано: ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано / Фото: Архива

По информациите за обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, од Брисел порачаа дека ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово.

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано за Танјуг изјави дека ЕУ не ги коментира процедурите спроведени од Специјалното обвинителство за Косово, но, исто така, оценува дека Судот е важен показател за определеноста на Косово за спроведување на владеењето на правото.

– Владеењето на правото е клучен елемент за напредокот на Косово на патот кон интеграцијата во ЕУ, како и целокупниот ангажман на ЕУ со Западен Балкан, рече Стано.

Тој додаде дека е важно да се дозволи Специјалното обвинителство за Косово да продолжи со својата работа самостојно и без какво било надворешно влијание. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот