Српските цариници од премините Јариње и Брњак дадоа откази

фото:курир.рс/Немања Николиќ

Портпаролот на косовската царина Адриатик Ставилеци денеска потврди дека единаесетмина цариници=Срби, кои работеле на премините Јариње и Брњак, дале отказ од работните места, јави српската новининска агенција Бета.

„Единаесет српски членови на косовската царина поднесоа оставки. Тие работеа на Јариње и Брњак. Нивната замена ќе се изврши со цариници од други контролни пунктови“, рече Ставилеци.

Отказите на вработените во косовската царина уследија по оставките што претходно ги поднесоа пратениците од Српската листа, четворица градоначалници и советници од Српската листа во општините во северниот дел на Косово, судии и обвинители и административни работници и припадници на косовската полиција од српската заедница.

Потегот на цариниците е одговор поради незадоволство од одлуката на Владата на Косово за спроведување на трифазен план за пререгистрација на автомобилите на косовски регистерски таблички и по суспензијата на директорот на Регионалната полиција за северот на Косово, Ненад Ѓуриќ.

Специјалните претставници на Германија и Словенија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и Анжеј Франгеш денеска во Косовска Митровица разговараа со лидерите на Српската листа за политичко-безбедносната состојба на Косово. Сарацин и Франгеш разговарале со претседателот и потпретседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и Игор Симиќ, неколку дена по напуштањето на Србите од косовските институции. На средбата присуствуваа и амбасадорите на Германија и Словенија во Приштина, Јерн Роде и Минца Бенедејчиќ, објави Српска листа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот